Почетна Коментар Вечен споменот Верица ќе ти биде
Вечен споменот Верица ќе ти биде

Вечен споменот Верица ќе ти биде

1.88K
0

Земја сме и во земја ќе се вратиме. Кој порано, кој подоцна. Кој од природна смрт, кој од болести, кој од нечие невнимание, кој од нечија насилност.

И живееме ли или умираме Господови сме. И бидејќи Господови нема во небитие да нѐ врати Господ Бог наш, ами при Него ќе нѐ насели во Еден, во местото од каде што Адам праведно беше протеран прекршувајќи ја првата и единатвена заповед дадена нему и на жената негова да не јадат од плодот на дрвото за да не умрат. И од тогаш сите умираме преку Адама, но и преку Христа воскреснуваме и вечно живееме. А додека сме на земјата имаме обрска да се грижиме за сопственото здравје, зашто немарноста ќе нѐ одалечи од Бога. И Господ Бог во љубовта Своја кон нас ни дал и лекарство во разни билки и растенија и начини на приготвување и луѓе кои преку подготвувањето на лекови од билките ќе се трудат да поживееме подолго на земјата.

Од врачеви и исцелители до денешните лекари. И еве веќе цела година на назад постојано слушаме за пожртвуваноста на медицинскиот персонал во борбата со пандемијата. И успаваат во цел свој премор како денес да нѐ израдуваат со веста за три продожени животи, но да ни соопштат и дека ја загубиле битката со девојчето кое несовесен возач го повреди и избега и од местото и од правдата привремено.

Девојката почина, но не и делови од нејзиното тело. Тие продолжија да живеат во други тела кои ќе починеа, ако не им се трансплатираа нејзините органи. И бидејќи ова кај нас е само втор случај на трансплатација на органи од починат донор лавина и пофалби, но и сомничави прашања.

Едно такво доцна ноќва, проследено од еден мој свештеник, дојде и до мене: Гласеше вака: Дали може покојник да почива во мир кога ќе му извадат се што има во него, па дури и коските? Дали сме поголеми луѓе во душата ако донираме органи и дали поради тоа Господ повеќе ќе нѐ сака? Како би го одобриле ова ако веруваме во доаѓањето на Христа?

Побрзав доцна во ноќта да го изнесам мојот одговор. Па еве вака би кажал и би прашал јас.

Христос помалку ли е Бог затоа што на крстот ја пролеја Својата Света Крв за нас? А крвта нели е орган во нашето тело? Или Адам не почивал во мир чекајќи го Христа да го воведе во воскресението поради реброто што Господ Бог во длабокиот сон му го извадил и од него Ева му ја создал за животен сопатник за продолжување на родот? Или безбројните маченици не влегле во Царство небесно затоа што на парчиња биле сечени, а нивните делови на дивите ѕверови за храна биле фрлани? Или некој што изгубил во несреќа дел од своето тело, ќе влезе во Царството небесно без тој дел?

Не, душата го прати совршениот облик на телото без нашите физички мани и недостатоци. И ако Господ од ништо нѐ создал, тоа и на денот на сеопштото воскресение ќе не издигне од распаѓање без разлика каде и да се распаднал некој наш дел од телото. Моштите на мноштво светители кои се раздадени на милион места по црквите во антимисите, мислите ли не ќе има Господ Бог сила да ги собере и нивните тела да ги состави при воскресението? И Христос нели нѐ прашува има ли поголема љубов од тоа да ја положиш душата своја за овците свои? И ако е благословено душата да се положи од човекољубие, нели ќе е благословено и телото да се раздаде за да се спаси животот на другиот?

На крајот на краиштата можеме ние сѐ да му дадеме на некого, но Бог како Животодавец одлучува дали пак ќе живее примателот. А ако остане во живот, нели е тоа потврда дека Животодавецот го благословил ова донирање? И до Страшниот Хрисов суд и сеопштото воскресение, во рајот или пеколот пребива само душата, чекајќи го тој велик ден, а потоа секој ќе воскресне во своето идеално тело на возраста Христова.

Ќе повторам совршено тело без недостатоци. И Христос праведниот судија ќе ни суди според делата, а не според изгледот наш и бројот на органите во нас. Поради се ова, мој непознат пријателе, што за вечниот покој на донорот праша, те уверувам, ќе почива во мир Верче и ќе пребива во рајот.

Пишува: Отец Пимен

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *