Почетна Вести Ватикан потврди дека сака да управува со „Меѓугорје“
Ватикан потврди дека сака да управува со „Меѓугорје“

Ватикан потврди дека сака да управува со „Меѓугорје“

238
0

Ватикан и официјално потврди дека има намера да постави специјален администратор за „Меѓугорије“ со што управувањето на ова големо светилиште ќе премине директно под Папата во Ватикан.

megugorijeШефот за односи со јавност на Ватикан, Федерико Ломбарди, ја потврдил информацијата дека оваа опција е предмет на анализа, но демантира дека таква одлука е донесена

-Станува збор за една можност која се разгледува, но се уште не е донесена никаква одлука. Поради тоа е прерано да се зборува за тоа, како за нешто веќе да е одлучено, или пак како за некоја одлука која ќе се донесе наскоро, изјавил  Ломбарди.

„Меѓугорје“ се наоѓа во Босна и Херцеговина и претставува едно од значајните светилишта на Ромокатоличката црква во овој дел од Европа. Станува познато место за посета на верници по појавувањето на Богородица од 1981 година. Годишно го посетуваат повеќе од еден милион католички верници, кои доаѓаат на поколонение. Истовремено пак претставува и значатен центар за верски туризам.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *