Вселенскиот Патријарх Вартоломеј ги прекина шпекулациите кои што деновиве се ширеа низ руските медиуми дека тој наводно ја напуштил Турција, по неодамнешниот неуспешен обид за државен удар. Веста беше дека наводно Вартолмеј имал информации за државниот удар и дека ден пред тој да се случи, тој го напуштил Истанбул.
Отсуството од десет дена надвор од Фанар и Турција, според Вселенската патријаршија е резултат на одморот кој Вартоломеј го планирал претходно во Франција и во Словенија.
Од Вселенската патријаршија велат дека Вартоломеј во Франција бил сместен во домот на претставник на Цариградската патријаршија во близина на Женава.
„Религија.мк“ веќе објави фотографии од посетата на Вартоломеј на Словенија и на тврдината на Блед, каде имал средба со градоначалникот на градот.
Вселенската патријаршија соопштува дека Вартоломеј во Турција слетал на истанбулскиот аеродром со „Туркиш Ерлајнс“, посочувајќи дека односите со Турскиот претседател се добри и не биле никогаш прекинати.

