
347
0
Вонредна синодска седница за утре, понеделник 6 јуни закажа Вселенската патријаршија поради најновите состојби поврзани со одржувањето на Сеправославниот собор на Крит.
Вселенската патријаршија ќе бара излез од ситуацијата, откако БПЦ донесе одлука да го откаже учеството на Соборот.
Владиците на Патријаршијата во Фанар ќе го разгледуваат и барањето на Руската православна црква, за вонредна средба на поглаварите. На дневен ред е и проблемот на Антиохиската и Ерусалимската патријаршија.
/РЕЛИГИЈА.МК