Почетна Вести Ислам Универзитетска професорка од Македонија премина во Ислам
Универзитетска професорка од Македонија премина во Ислам

Универзитетска професорка од Македонија премина во Ислам

823
1

Славица Јакимовска, универзитетски професор во Македонија, премина во ислам на пригодна церемонија којашто се одржа во подрачјето Едремит во турскиот град Баликесир, кој таа го посети како турист, јавува Anadolu Agency (AA).

Јакимоска, професорка во Европскиот универзитет во Македонија, се пријавила во градското муфтиство во Едремит, и рекла дека го прифатила исламот и донела одлука да стане муслиманка, при што е организирана свеченост во муфтиството.

Јакимовска, која по преминување во ислам го смени своето име во Мушфика, изјави дека околу исламот била информирана и импресионирана од страна на нејзин студент кој од Турција дошол во Македонија на студии, при што, како што рече, одлучила да премине во ислам.

Професорката Јакимовска раскажа дека значајна улога во преминување во исламот имала нејзината импресионираност од гостопримството на муслиманите кои ги посетила во Скопје, секако, и читањето на преводот на Куранот на македонски јазик, кој го прочитала двапати.

Јакимовска го изговори шехадетот и рече дека нејзината прва желба е да ги посети светите места Мека и Медина.

Саит Емин Арвас, муфтијата на градот, по церемонијата рече: „Сега станавме браќа и сестра. Отсега понатаму вие станавте сестра на сите муслимани, пред сè на божјиот пратеник Мухамед“. Тој додаде дека досега бил сведок на повеќе вакви церемонии.

„Бевме сведоци како бројни лица, припадници на различни религии или пак атеисти, преминуваат во ислам. Но, бевме импресионирани од тоа што една универзитетска професорка од Македонија се пријави во муфтиството во Едремит и рече дека сака да стане муслиманка, како и од нејзината искреност на оваа церемонија“, рече тој.

Муфтијата Арвас на Јакимовска ѝ подари книги на турската Управа за верски прашања објавени на француски јазик, како и шамија и сеџаде.

/А.А

 

Коментар(1)

  1. Да живее Мушфика … отсега ќе биде погостоприемлива … само да не дојде студент од Боцвана …

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *