Почетна Вести Унгарија забрани изградба на џамија
Унгарија забрани изградба на џамија

Унгарија забрани изградба на џамија

124
0

Првиот човек на унгарското село Ашотхалома на границата со Србија, Ласло Тороцкај, од редовите на ултрадесницата, тврди дека селската управа изгласала забрана за изградба на џамии и за активностите на муезините, т.е. оние што од минарето ги повикуваат верниците на молитва.

burka-ungarijaАсошиејтед прес додава дека е забрането и носење превези и шамии со кои муслиманските жени ги покриваат главите.

Агенцијата соопшти дека Тороцкај рекол дека наредбата е донесена за да се одбранат „заедницата и традицијата“ на тоа село од планот на ЕУ да пресели одреден број баратели на азил во 28-те земји на ЕУ.

АП потсетува дека ова село на југот на Унгарија кое се наоѓа на границата со Србија било главно место за влез во Унгарија на мигрантите кои по балканската рута се обидуваат да пристигнат до Западна Европа.

Агенцијата додава дека Тороцкај бил еден од првите во заговарањето за изградба на гранична ограда со што би се запрел приливот на мигранти и додава дека Унгарската Влада до крајот на 2015. поставила ограда на границата со Србија и Хрватска.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *