Учениците кои сакаат да постат ќе добијат можност и за посна храна во училишното мени во школите во Москва. Ова го најавил претставник на градските власти на Москва, по серијата барања упатени од претставници на православната заедница.
До московското градско собрание веќе неколку пати биле испраќани барања да се воведе и посно мени во училиштата, по што градските власти одлучиле да ја овозможат таквата опција.
„Посната трпеза“ сепак нема да биде задолжителна за сите ученици, туку оставена како избор на оние кои тоа го сакаат.

