Почетна Анализа Томосот од СПЦ во пракса станува комедија
Томосот од СПЦ во пракса станува комедија

Томосот од СПЦ во пракса станува комедија

2.52K
3

Македонската автокефалност, што СПЦ ја „завери“ со Томос, во пракса се претвора во комедија. Неколку пати во низа СПЦ влече чекори со кои практично на терен не го признава, она што на хартија вели дека го признава.

Последната таква состојба е од денеска, настанот на хиротонија за нов епископ на викарот на Спрксиот патријарх Порфириј, г. Алексеј.

На тој настан сослужуваше и Брегалничкиот митрополит Иларион од МПЦ-ОА.

Но, СПЦ за настанот состави соопштение во кое никаде не споменува дека на овој настан сослужувале владици од сестринската МПЦ-ОА. Црковниот ред, особено кога станува збор за официјални известувања на една црква е многу прецизен и јасен, но во овој случај не е така.

-На Претстојателот на Српската Православна Црква му сослужуваа, Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Митрополит скопски, г. Јован, Неговото Високопреосвештенство Митрополит брегалнички г. Иларион, преосветени господа епископи банатски Никанор, бачки Иринеј, врањски Пахомије, шумадијски Јован, браничевски Игнатије, зворничко-тузланстски Фотије, милешевски Атанасије, брегалнички Марко, горнокарловачки Герасим, крушевачки Давид, славонски Јован, бихачко-петровачки Серхије, нишки Арсеније, осечкопољански и барањски Херувим, ваљевски Исихије, ремезијски Стефан, марчански Сава….(..) како и многубројно свештенство и свештеномонаштво од повеќе епархии на Српската Православна Црква, пишува во соопштението на СПЦ.

Вака напишаното соопштение со ништо не укажува дека на овој настан сослужувал владика на МПЦ-ОА, како автокефална сестринска црква, ако некој го чита од страна, без да ги познава состојбите. Но, ако се анализира ова соопштение од лица кои ги познаваат состојбите тогаш можат да се извлечат три „фактички состојби“.

Првата е дека сите владици кои присуствувале на настанот се епископи на СПЦ со различно ниво на хиерархија, (Архиепископи, митрополити, епископи), но со еден поглавар Патријархот Порфириј. И тоа така ќе го прочитаат сите, бидејќи вака напишаното соопштение, и тоа како официјално известување од офицјалниот орган на СПЦ значи токму тоа. Во праксна значи дека Митрополитот Иларион Брегалнички е владика на СПЦ, а негов поглавар е Патријархот Порфириј.

Втората „фактичка сосстојба“ е дека Архиепископ на МПЦ-ОА е Јован, а Иларион Брегалнички е митрополит во таа црква. На тоа укажува редот и начинонот на титулирање како е напишано соопштението. Архиепископот па Митрополитот. Таквата „фактичка состојба“ ќе ја препознаат оние кои се упатени во релациите меѓу МПЦ-ОА и СПЦ. Во пракса тоа би значело дека некој го сменил поглаварот на МПЦ-ОА и го назначил Јован на тоа место.

Третата „фактичка состојба“, која може да се причита од ова соопштение е дека таму биле Српскиот патријарх Порфириј, Архиепископот Јован, Митрополитот Иларион, и во тој случај Иларион е брегалнички митрополит на ПОА. Зошто? Затоа што редот по кои се наброени укажува дека Иларион Брегалнички не е претставник на помесна автокефална сестринска црква, туку е дел од црковната структура на оној кој е титулиран како Архиепископ и набројан пред него, во случајот Јован. Во таков случај ова може да се толкува дека Митрополитот Иларион се одметнал и од МПЦ-ОА заминал во редовите на ПОА.

Но, парадокост да биде поголем, и играта Автокефалност да се претвори во уште поголема комедија е во продолжението на соопштението. Таму ќе пронајдете и уште еден брагалнички епископ кој сослужувал. Тоа е Марко од ПОА. Замислете на еден настан на СПЦ сослужувале двајца Брегалнички епископи – Иларион и Марко.

Приказната со македонската авокефалност и преземените обврски од страна на МПЦ-ОА да го реши прашањето за епископите на ПОА, трае веќе шест месеци, а за исто време на терен функционираат две црковни хиерархии и двете признати. По дома во Македонија, не сослужуваат, а по дворот во Белград сослужуваат и се причестуваат и се прегрнуваат. Расплетот на оваа Комедија, според некои неофицијални информации МПЦ-ОА го почнала неодамна, доставувајќи педлог за решение до Патријархот Порфириј. Официјален одговор нема, но неофицијално денешното соопштение на СПЦ, во Синодот на МПЦ-ОА, можат слободно да го толкуваат како соодветен одговор на нивниот предлог.

Во меѓувреме, додека МПЦ-ОА јавно молчи за ваквите понижувања и собира албум со сликички од „знонамерни новинари и експерти“, можат оние „политичко-црковно-стратегиски“ советници што кружат околу Архиепископоија и мафтаат со Томостот, да го одгатнат ова соопштение.

Инаку, соопштение, по сите протоколи на црковните известувања од овој настан, како што би било во случај друга сестринска авткефална црква да сослужувала со СПЦ, би гласело вака: „На Претстојателот на Српската Православна Црква му сослужуваа, Неговото Високопреосвештенство Митрополит брегалнички г. Иларион од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Митрополит скопски, г. Јован, од Православната Охридска Архиепископија (се уште дел од ерархијата на СПЦ), преосветени господа епископи брегалнички Марко (ПОА)….

Коментар(3)

  1. EU, SAD i NATO baraa od SPC da se ja priznaje MPC i tie se izvesteni za toa, ja prizna, a sega grugo ne baraat.

  2. Господинот Уредник ‘ брилира’ 😭 во рубриката : ‘ тази Томос не е Томос! ‘” ,show must go on,”!

  3. SPC ja “prizna” MPC zaradi ovie hoštapleri od SAD, EU i NATO, inaku ne. Nikogoš nema toa da se slučil.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *