Почетна Вести Христијанство Интернет страница на Вселенската патријаршија објави текст и на македонски јазик
Интернет страница на Вселенската патријаршија објави текст и на македонски јазик

Интернет страница на Вселенската патријаршија објави текст и на македонски јазик

1.23K
4

Анализата на Високопреосвештениот Митрополит на Аркалохори, Кастели и Вијано г. Андреј Нанакис, за Охридската Архиепископија, што ја напиша за Религија.мк, предизвикува голем интерес во црковната јавност.

Текстот под наслов „ Охридската Архиепископија од културната матрица на ромејството“, го презеде и fosfanariou.gr, интернет страница што објавува вести од Вселенската патријаршија, а е раководена од архонтот на Вселенскиот Патријарх г. Панајотис Андриопулос, теолог и протопсалт. Тоа е една од најажурираните црковни страници, релевантна и најчитана од ваков вид.

Она што е најкарактеристично е што Фостфанариу гр, текстот го објави интегрално и тоа на македонски јазик. Ова е прв пат овој медиум да објави текст на македонски јазик.

Истото го направи и еминентениот професор по црковна историја на Аристотеловиот универзитет во Солун, г. Андреј, автор на текстот, кој исто така на македонски јазик ја рееобјави анализата на интернет страницата на неговата Митрополија.

Религија.мк изразвува голема благодарност за вакавата голема чест направена и од Всокопреосвештениот Митрополит на Аркалохори, Кастели и Вијано г. Андреј Нанакис и од страницата на fosfanariou.gr, и подготвеност за продолжување на нашата соработка.

Коментар(4)

  1. Патем, Томосот од ЦП до каде ? Некое инфо?

  2. Патем, Томосот од ЦП до каде е ? Некое инфо?

    1. е за тоа ќе почекаш малку повеќе, додека го изберат новиот архиепископ

  3. Ако сакаме да сме коректни треба да се напомене дека на истиот сајт веднаш до вашиот текст има текст кој го дисциплинира нишкиот епископ Арсениј за користење на терминот Македонија. 🙂 Воедно никаде на сајтот не е наведено дека објавата е на македонски јазик.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *