Свештеници на МПЦ-ОА и Вселенската патријаршија ќе сослужуваат во Виена

Date:

Share post:

Свештеници на МПЦ-ОА и на Вселенската патријаршија в четврток на 26 март ќе сослужуваат во Виена.

Заедичкото сослужување е со благослов на двајцата аехијереи, Европскиот Пимен од МПЦ-ОА и Австрискиот Арсениј од Вселенската патријаршија.

Сослужувањето ќе биде во храм „Св. Јован Златоуст“, каде на домаќинот отец Немања, свештеник на Вселенската патријаршија ќе му сослужува отец Јован свештеник на МПЦ-ОА од храмот „Свети Наум Охридски“ од Виена.

-Ова заедничко сослужување претставува живо сведоштво за литургиското единство, братската љубов и соборноста на Црквата Христова, повикувајќи нè сите да се собереме „со една уста и едно срце“ да Го прославиме Пресветото Име Божјо. Го повикуваме сиот благочестив и верен народ да се придружи на ова свето собрание, со страв Божји, вера и љубов да пристапи кон Светата Причест, примајќи ги Телото и Крвта на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, за простување на гревовите и за живот вечен. Нека оваа света Литургија ни биде духовно укрепување, утеха и благослов, и нека нè обедини во верата, надежта и љубовта кон Бога и кон ближните. Христос е и ќе биде помеѓу нас!, стои во објавата на црковната општина на МПЦ-ОА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img