Пезвитер Игор Зиројевиќ, протопсалт, хорархос, професор и музикоучител по византиско пеење во Атинскиот конзерваториум „Симон Карас“ и Школата „Троеручица“, свештеник на Атинската архиепископија бил дел од испитната комисија на Школата за црковна музика при Скопската епархија. На 1.7.2026 година, во просториите при храмот „Св. вмч. Димитриј“ – Скопје, биле завршните испити на Школата, а студентите, покрај пред Зиројевиќ, полагале и пред проф. д-р Ристо Солунчев, музикоучител и протопсалт, како и протоѓакон м-р Александар Димитријов, асистент-професор по црковно пеење на Православниот богословски факултет во Скопје.
-Завршните годишни испити со највисоки оценки успешно ги положија: Христијан Моневски, Билјана Бајевска и Јанинка Невчева (трето ниво, втор дел: брза ирмологија и славословија); Сава Булатовиќ (трето ниво, прв дел: бавна ирмологија); Весна Павлова (завршно прво ниво и прв дел од второ ниво); Огнен Димовски, Маќули Костоски, Дамјан Палоски, Исидора Костовска, Божидар Маслинко и Дамјан Ѓорѓиев (прво ниво: невматско писмо и увод во осмогласник), стои во соопштението на Скопската епархија.

