Почетна Вести Судење на исламистички проповедник за создавање „шеријатска полиција„ во Германија
Судење на исламистички проповедник за создавање „шеријатска полиција„ во Германија

Судење на исламистички проповедник за создавање „шеријатска полиција„ во Германија

90
0

Во Диселдорф почна судењето на германски исламистички проповедник, осомничен за раководење со патроли на самосоздадената „шеријатска полиција„ во германскиот град Вупертал.

Свен Лау (35), преобратен во ислам, е обвинет и дека ја поддржувал групата Џамва, создадена од странски исламистички борци, која дејствува во Сирија.

diseldorfГерманското обвинителство ја испитува можноста Лау да биде обвинет и за потикнување и поддршка на тероризам.

Обвинувањето против овој преобратен ултарконзервативен исламист потекнува уште од 2013 година, кога прв пат бил обвинет дека префрлил исламсти од Германија за Сирија, за да се борат во редовите на оваа група.

Џамва е кратенка од арапскиот назив на „Армија од имигранти и помагачи“.

Тој се обвинува и дека обезбедувал пари и опрема за ноќно извидување за потребите на групата.

Во 2014 година, Лау е обвинет за организирање „шеријатска полиција“ која патролирала низ Вупертал, во западниот дел од Германија, за да ги натера лугето да се свртат кон шеријатските норми на однесување и неговите ултра конзервативни толкувања на исламот.

„Шеријатската полиција“ вршела притисок да не се оди во ноќни клубови, луѓето да се откажат од пиење и слушање музика, како и целосно да се забрани коцкањето.

Дејствувањето на оваа самопрогласена „полиција“ предизвика девет апсења, а самиот Свен Лау да биде во затвор од декември 2015 година.

Предвидено е неговото судење да трае до јануари следната година.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *