Српскиот патријарх Порфириј упати честитка до бугарскиот патријарх Даниил по повод втората годишнина од неговото востоличување за поглавар на Бугарската православна црква, посакувајќи му долгогодишна и благословена архипастирска служба.
Во честитката, патријархот Порфириј нагласува дека годишнината е повод за молитва Бог да му подари духовна мудрост и телесна крепост, за уште многу години да го предводи довереното му словесно стадо и преку неговата служба да се зацврстуваат љубовта Божја и единството меѓу православните.
„Од сѐ срце Ви ја честитаме втората годишнина од стапувањето на свештениот трон на древната Бугарска патријаршија. Денес се молиме добриот Бог да Ви дарува духовна мудрост и телесна крепост, за уште многу години да го предводите довереното Ви словесно стадо“, се наведува во честитката.
На крајот од пораката, српскиот патријарх му испраќа братски поздрави и „целив на мирот“ на бугарскиот патријарх од тронот на Свети Сава, додавајќи дека во неговата личност го поздравува и благословува христоименитиот бугарски народ и се препорачува на неговите молитви.


Убаво е кога браќата живеат заедно.Не се многу земји ,општо во светот со православна вероисповед.Тоа се десет петнаесет поглавари, и убаво е што се наоѓа начин за соработка.