Почетна Вести Српскиот Патријарх и Србите во Њујорк не веруваат во официјалната причина за пожарот во Црквата
Српскиот Патријарх и Србите во Њујорк не веруваат во официјалната причина за пожарот во Црквата

Српскиот Патријарх и Србите во Њујорк не веруваат во официјалната причина за пожарот во Црквата

193
0

crkva spc njujork 2Српската православна црква и српските верници во Америка не го прифаќаат официјалното образложение на противпожарните власти во Њујорк, дека причина за пожарот во Срквата “Свети Сава“ на Менхетен се недоизгаснати свеќи.

Патријархот на СПЦ Иринеј смета дека најмалку можно е Црквата да се запалила од свеќи бидејќи Богослужбата била завршена, верниците биле заминати, а црквата потоа и заклучена.

Во официјалното образложение не верува ниту српската црковна заедница во Њујорк, особено што таквото тврдење го објави само „Њујорк дејни њуз“

-Свеќите беа собрани на каменениот под, опкружен со камени ѕидови, а најблиското дрво беше оддалечено 4 метри и тоа на таванот. Свеќите не се експлозив и на сите нас ваквата информација ни звучи нејеројатна, велат од српската црковна заедница во Њујорк.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *