СПЦ и Руските сопственици на НИС потпишаа договор за донација на земјиште

Date:

Share post:

Земјиштето кое некогаш ѝ припаѓало на Српска православна црква ќе биде вратено, откако руските сопственици на рафинеријата НИС решиле да и го данираат на СПЦ, ред владата на Руска Федерација да ја финализира продажбата на Нафтна индустрија Србије.

Договорот беше потпишан вчера од архиепископот вршачки и митрополит банатски Никанор. На потпишувањето, од страна на Синодот и Српска православна црква, присуствуваа српскиот патријарх Порфирије, митрополитот будимљанско-никшиќки Методије, митрополитот зворничко-тузлански Фотије и митрополитот бачки Иринеј Буловић. На потпишувањето, од страна на руската делегација, присуствуваа амбасадорот на Русија Александар Боцан-Харченко и челниците на НИС.

„Денешната средба има посебно значење за компанијата НИС бидејќи претставува чин на одговорност и почит кон заедницата во која работиме. Свесни сме дека Српска православна црква е еден од носителите на духовниот идентитет на српскиот народ, поради што е исклучително важно да бидеме сигурен партнер. Манастирот Војловица за нас е место на духовна сила која со децении ја чува нашата рафинерија и вработените. Денес не подаруваме само земјиште, туку сакаме да го поддржиме манастирот Војловица во мисијата на собирање на верниците. Ова е нашиот завет што им го оставаме на идните генерации“, изјави директорот на НИС.

Митрополитот банатски Никанор му се заблагодари на рускиот патријарх Кирил и на претседателот на Руска Федерација Владимир Путин, велејќи дека ова е чин на историска правда и духовна радост.

Манастирот Војловица е еден од најзначајните духовни и културно-историски споменици на овие простори. Основан е во 15 век.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here