Архиепископот го отвори Меѓународниот симпозиум на библисти

Date:

Share post:

Архиепископот Стефан го отвори Меѓународниот научен симпозиум на тема „Средба со Бога: новозаветни духовности“, што се одржува во Скопје и во Охрид во периодот 11 – 16 мај 2026 година,

Научниот симпозиум на кој учествуваат истакнати библисти од повеќе земји, е организиран од страна на Комитетот за врски со Источна Европа при Меѓународното друштво за новозаветни студии и Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Учествува и митрополитот Георгиј кој на свеченото отворање одржа свое предавање на тема: „Кој ќе му каже на мојот Господ? Тој, Господ, слуша“ – Давидовиот избор во Псалм 151 од Септуагинтата.

На конференцијата учествуваат еминентни професори, богослови и научници од Македонија, САД, Русија, Чешка, Швајцарија, Бугарија, Германија, Грција, Норвешка, Полска, Белорусија, Романија, Србија, Украина, Норвешка и други европски земји, со цел продлабочување на научниот и духовниот дијалог во областа на новозаветните студии

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here