Сириски бегалци во Германија спасиле неонацистички политичар кој имал сообраќајна несреќа, објавуваат германските медиуми. Стефан Јагш, член на Националната демократска партија, НДП бил тешко повреден, откако минатата недела имал сообраќајна несреќа, а први кои реагирале да му помогнат биле двајца сириски азиланти, кои поминувале покрај местото на несреќата, пренесува агенцијата ДПА.
Тие го извлекле Јагш од автомобилот и му укажале прва помош. Во градот во чија близина се случила несреќата има голем број бегалци, а рекордниот прилив на бегалци ги разбуди ксенофобичните реакции на крајната десница, вклучувајќи ја и НДП.
Стефан Јагш, е политичар кој смета дека поради слабите германски закони азилантите ја преплавиле земјата со криминалци.