Почетна Вести Синодот на Грчката црква платил 3.5 милиони евра данок на државата
Синодот на Грчката црква платил 3.5 милиони евра данок на државата

Синодот на Грчката црква платил 3.5 милиони евра данок на државата

448
0

Синодот на Грчката православна црква објави дека за 2015 година на грчката држава платил данок од 3 милиони и 436 илјади 438 евра.

Ǡͅ`Ʌс ӕ͏ďӠ2015 2016--בǓԏӠ̐ύǓ//EUROKINISSIОд тие средства како данок на имот биле платени 2.756.992,39 €, а 137.608,71 € како данок за издавање на имот, и околу 91.630 евра како друг вид на данок.

Овие податоци ГПЦ ги објави откако на последната седница на постојаниот Синод го усвоила финансискиот извештај за работата на Синодот на Црквата за 2015 година.

Според овој финансиски извештај Синодот на Грчката црква во 2015 работел со загуба од  1.531.499,15 €.

Вкупните приходи на Синодот за таа година биле 8.937.238,39 евра, а трошоците 10.468.737,54 евра.

Во текстот за финансиите кој го објавуваат грчките медиуми стои дека овие се средства на Синодот на ГПЦ, и не е јасно дали тоа се и целосни приходи и расходи на Грчката православна црква.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *