
Се реставрира иконостасот во црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп
Конечно почна конзервацијата и реставрацијата на исклучителниот иконостас во прилепската црква „Свето Благовештение“, еден од трите највредни во земјава, но најмонументален. Прилепските и битолските конзерватори се категорични: нема опасност да падне, ама мора веднаш да се запре процесот на разјадување. Ќе се ставаат и нови потпорни столбови…
Не е во во опасност да падне, релативно е добро, но треба веднаш да се запре процесот на разјадување на исклучителниот иконостас во прилепската црква „Свето Благовештение. Ова е резултатот од анализите на конзерваторите од прилепскиот и од битолскиот музеј. Сручњаците ја почнаа првата фаза: инјектирање средства против црвојаднините, чистење и заштита на осликаните и резбарените делови.
Проектот е, барем, чеитиригодишен. Ќе се зајакнува и конструкцијата со дополнителни столбови.
Иконостасот, стар преку 180 години е еден од трите изработени од мијачките мајстори, по оние во Бигорскиот манастир и во скопската црква „Свети Спас“. Најмонументален е со димензии 16 на 7 метри.
/МРТ