Почетна Вести Руската црква бара задолжителен предмет основи на православната култура во руските училишта
Руската црква бара задолжителен предмет основи на православната култура во руските училишта

Руската црква бара задолжителен предмет основи на православната култура во руските училишта

171
0

Во руското општество има жестоки дебати за тоа дали предметот “Основи на православната култура” треба да биде ставен дел во програмата на сите одделенија во руските училишта. Од 2012 година тој се изучува експериментално само во 4-то одделение по еден час неделно во рамките на предметот “Основи на религиозните култури и секуларна етика”.

predmetЧетвртооделенците избираат меѓу шест варијанти на предметот. Податоците покажуваат дека најмногу родители се одлучуваат своите деца да ја изучуваат варијанти “Основи на секуларната етика”.

Новата програма е подготвена од експерти од Московската Патријаршија и Руската академија на образованието и таа предвидува проширување на предметот во сите одделенија, да се изучува два пати неделно само во форма “Православна култура”.

Против изучување на предметот “Православна култура” во сите одделенија од 2 до 11-то се претставниците на исламската, будистичката и еврејската заедница во Русија. Претставниците на исламската заедница сепак имаат тенденција да го поддржуваат овој предлог, ако се предвиди и опција за изучување на “Исламската култура” во училиштата.

Критики на иницијативата сепак има и од редовите на православните свештеници. Отец Михаил Ардов, старешина на храмот на руските новомченици во Москва, е категоричен: “Сметам дека оваа иницијатива за глупава. Од кои причини? Бидејќи во нашето постсоветско училиште едноставно нема на кого да биде предаван овој предмет. Во целата држава денес максимум 3 % од луѓето се верници. Кој ќе предава?

Податоците за изминатата година покажуваат дека 45% од четвртооделнцитеите изучувале секуларна етика, 33% основи на православната култура, 18% светски религиозни култури, 4% ислам, 0,5% будизам и уште помалку јудаизмот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *