Почетна Вести Ристовски на Ифтар во Лажани
Ристовски на Ифтар во Лажани

Ристовски на Ифтар во Лажани

103
1

Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, синоќа присуствуваше на Ифтар вечера во Лажани, во придружба на државниот секретар на МВР, Анастасија Илиеска и градоначалникот на Долнени, Боше Милошески.

iftar spiro 2-Со голема чест и задоволство присуствувам на Ифтар вечерата во населеното место Лажани во општина Долнени, по повод рамазанските пости. Овие заеднички чествувања се уште една потврда дека различната верска припадност не претставува никаков стереотип, туку напротив, дополнителна причина за взаемно почитување и негување на традицијата и обичаите. На сите граѓани од исламска вероисповед и нивните семејства им посакувам многу здравје, среќа, мир, спокој и благосостојба, напиша Ристовски на Фејсбук.

Високи функционери на владејачката ВМРО-ДПМНЕ изминативе денови организираат и се дел од Ифтар вечери со што уште еднаш докажуваат дека цел на партијата е да обединуваат луѓе од различни етникуми и верски заедници.

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *