Почетна Вести Рејсот Реџепи и тројца муфтии во посета на Турција
redzepi Turcija 5
redzepi Turcija 3
redzepi Turcija 4
redzepi Turcija 9
redzepi Turcija 1
redzepi Turcija 7
redzepi Turcija 8
redzepi Turcija 6

Рејсот Реџепи и тројца муфтии во посета на Турција

156
0

redzepi Turcija 6Претседателот на Исламската верска заедница,  Сулејман Реџепи и тројца муфтии, Кумановскиот Абедин Имери, Тетовскиот Ќани Несими и Гостиварскиот Шаќир Фетаху, биле во посета на Турција, каде учествувале на манифестацијата “Недела на роденденот на Мухамед “.

Учеството на оваа манифестација било на покана на поглаварот на ИВЗ на Турција, Мехмет Гормез.

Реисот на ИВЗ, Реџепи имал и поздравен говор пред останатите присутните каде зборувал и за мигрантската криза.

redzepi Turcija 8-Ефенди Реџепи го подвлече хадисот на Мухамед а.с. кој што вели“После мојата смрт, во аманет ви оставам два столба и ако вие се држите до тие два столба никогаш нема да бидете на погрешен пат. А тие два столба се “ Книгата Божја и Сунетот на Мухамед а.с.“. Драги браќа, кога муслиманите го заборавиа тој аманет, станаа сведоци на слики како што се тие на границите преполни со бегалци(деца, жени, старци). Тие луѓе бараат спас, а нивниот спас е во Куранот и Сунетот а не на друго место, рече х. Сулејман еф. Реџепи, соопштува ИВЗ.

redzepi Turcija 7Делегацијата на ИВЗ од Македонија присуствувала и во Ипсала, каде била предадена во употреба џамијата „Рабиа Кадиоглу“. Таму присутни биле лидерите на Исламските Верски Заедници на Балканот.

Поглаварот  Реџепи, во Едрене имал и средба со претседателот на Дијанетот на Р. Турција, Мехмет Гормез кој изразил подготвеност да и помогне на ИВЗ.

Реџепи потенцирал дека проектот за џамијата во Топанско Поле наскоро ќе биде завршен и ќе почне нејзината изградба и искажал благодарност за поддршката од Турската исламска верска заедница.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *