Почетна Вести Реџепи до Ердоган: Муслиманите во Македонија се на Ваша страна
Реџепи до Ердоган: Муслиманите во Македонија се на Ваша страна

Реџепи до Ердоган: Муслиманите во Македонија се на Ваша страна

182
0

Поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи испратил писмо со поддршка до турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган по неуспешниот обид за пуч во петокот вечерта.

erdogan 1-Обидите да се сруши со насилство една легална и легитимна власт се казниви според сите човечки правила, што значи и според исламските правила. Тоа што се случи во Турција, претставува чист терористички акт, пишува во писмото Поглаварот Реџепи.

-Муслиманите во Македонија, вели тој во овие случувања се на страната на братскиот турски народ и на страната на органите на Република Турција што се избрани на демократски начин. Гласот на народот не може да се негира толку лесно. Сите пучисти и деструктивни елементи, било внатрешни или надворешни, треба да се осудат во склад со адекватните закони на народната и демократската турска власт, му порачува Реџепи на Ердоган.

Рејсот пишува дека тој, ИВЗ, како и сите муслимани на Македонија, максимално го подржуваат претседателот на Република Турција, владата и сите легитимни државни органи на Турција.

-Честитки за будноста на демократските органи и за нивните напори да и стават крај на една опасна авантура што сепак заврши во интерес на турскиот народ, му пишува Реисул Улема на ИВЗ во РМ Х. Сулејман еф. Реџепи на турскиот Претседател, Реџеп Таип Ердоган.

/РЕЛИГИЈА.МК

 

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *