Речиси половина милион Романци ги носат имињата Петар и Павле

Date:

Share post:

Речиси 500.000 Романци денес го прославуваат својот именден, на денот кога Црквата го празнува споменот на светите апостоли Петар и Павле.

Според податоците на Генералната дирекција за евиденција на населението, 488.207 Романци ги носат имињата на светите апостоли Петар и Павле, како и нивните изведени форми.

Кај мажите, најбројни се оние што го носат името Петар — 125.788 Романци. По нив следуваат оние што го носат името Павле — 78.015 лица.

Кај жените, најзастапено е името Паола, кое го носат 48.852 жени, а потоа следува името Петронела, кое го носат 35.864 жени.

/crkovenzurnal.com

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img