Почетна Политичка теологија Расте бројот на религиозно население во Македонија
Расте бројот на религиозно население во Македонија

Расте бројот на религиозно население во Македонија

334
1

Интернет порталот “Religija.mk, заедно со „Институтот за политички истражувања Скопје“ – ИПИС, и со поддршка на Фондацијата „Конрада Аденауер“ – КАС, спроведоа уште едно истражување на јавното мислење со цел мерење на перцепцијата на граѓаните во поглед на нивната верска определба, верување и општествени теми.

Овој пат истражувањето е насловено: „Верските заедници и ковид кризата – односот на религијата кон ковид пандемијата“ и е споредбено истражување на оваа тема речиси година и половина по првото вакво истражување направено на почетокот од пандемијата. Религија.мк во следниот период ќе ги објави разултатите на прашањата поединечно со анализи.

 

Во Македонија продолжува трендот на раст на религиозноста на населението, покажува последното истражување на интернет порталот Религија.мк, Институтот за политички истражувања Скопје и Фондацијата Конрад Аденауер.

Споредбените податоци за последните две-три години покажува постојан тренд на поратст на бројот на насление кое за себе вели дека е „религиозно“, или „донекаде религиозно“.

Во ноемвриското истражувањ оваа 2021 години дека се „религиозни“ се определиле 56,1% од испитаниците, а дека се „донекаде религиозни“ 34,7%, што се вкупно дава бројка од 90,8% население кое за себе вели дека е религиозно, што на еден начин ја прави Македонија една од првите десет држави во светот со волку висок процент на религиозност.

Интерсни се споредбените податоци со истражувањата од декември 2019, април 2020, март 2021 и ова сега од ноември 2021. Во нив се гледа благ, но константен раст на религиозноста.

Во демеври 2019  дека се религиозни се определиле 50,9%, а донекаде религиозни 33,4%. Што вкупно ја дава бројката од 84,3%, што пак за две години е пораст од 6,5% на религиозноста на населението.

Ако се направи анализа на верската припадност, тогаш се гледа дека таа е речиси идентична и кај муслиманите и кај христијаните, со таа разлика што кај православините христијани е повисок процентот на оние кои со сигурност тврдат дека се религиозни.

Возраста на испитаниците пак покажува дека во сите категории како религиозни се определиле над 50%.

Но и покрај тоа што над 90% од населението за себе вели дека е религиозно, или донекаде религиозно, и ова истражување покажува големи отстапување меѓу религиозноста и поимањето за тоа дали постои Бог и во која форма.

Само 71,9% анкетирани сметаат дека Бог постои во онаа форма како што пишува во светите книги, додека пак 17,2% велат дека Бог не постои како што е запишано во светите книги. 3,3% воопшто не веруваат дека Бог постои, а 7,6% не знаат дали Бог постои.

Споредбено од 2019 до сега генерална промена во религиската карта на Македонија нема. И ова истражување покажува дека 72,4% од испитаниците за себе изјавиле дека се припадници на православната вера, 24,4% дека се припадници на исламот, а 2,9% дека се атеисти.

Коментар(1)

  1. Kade sto nastapuva siromastina raste religioznosta. Religioznosta e bogatsvo na siromastijata, isklucok e samo Grcija kade sto se religiozni 98 proceniti.

Напиши одговор на Krstivoje Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *