Почетна Политичка теологија ИСТРАЖУВАЊЕ: Парадокси – една третина од христијаните и лицата со високо образование не веруваат во вакцината
ИСТРАЖУВАЊЕ: Парадокси – една третина од христијаните и лицата со високо образование не веруваат во вакцината

ИСТРАЖУВАЊЕ: Парадокси – една третина од христијаните и лицата со високо образование не веруваат во вакцината

1.17K
0

Интернет порталот “Religija.mk, заедно со „Институтот за политички истражувања Скопје“ – ИПИС, и со поддршка на Фондацијата „Конрада Аденауер“ – КАС, спроведоа уште едно истражување на јавното мислење со цел мерење на перцепцијата на граѓаните во поглед на нивната верска определба, верување и општествени теми.

Овој пат истражувањето е насловено: „Верските заедници и ковид кризата – односот на религијата кон ковид пандемијата“ и е споредбено истражување на оваа тема речиси година и половина по првото вакво истражување направено на почетокот од пандемијата. Религија.мк во следниот период ќе ги објави разултатите на прашањата поединечно со анализи.

 

 

Здравствени причини, прележан ковид, но и неверување во вакцините и нивна штетност се најчестите причини поради кои не се вакцинирале испитаниците, кои се дел од истражувањето на Религија.мк, ИПИС и КАС, а посветено на пандемијата и верските заедници.

Од испитаниците во истражувањето, кои рекле дека не се вакцинирани, 20% како причина ги навеле здравствени проблеми, 16,9% пак поради тоа што имале прележано Ковид 19, но 17,8% рекле дека не веруваат во вакцината, а дополнителни 9% дека вакцините се штетни. Овие две причини кои имаат речиси исто значње даваат висок процент од речиси 27% кои се скептици кон вакцинацијата.

Дополнително 13,5% навеле некоја друга причина, а 13,1% не знаеле зошто не се вакцинираат. 9,7% пак не веруваат во здравствениот систем.

Анализата на профилот на испитаници покажува доста интересни резултаи. Највисок процент на оние кои одговориле дека не веруваат во вакцината се лица кои се со вишо или со високо образование. Дури 22,4% од оние кои се со високо образование не веруваат во вакцината, а дополнитѕелни 13,2% од оние кои имаат високо образование сметаат дека вакицните се штетни и поради тие причини одбиле да се вакцинираат.

За да биде парадоксот поголем, лицата кои се со основно или без основно обрзование најмногу веруваат во вакцините.

И кога ќе се направи анализи на верската припадност на испитаниците, испаѓа дека христијаните многу помалку веруваат во вакцините отколку муслиманите. 21,9% од испитаницитехристијани не веруваат во вакцината, а дпопнителни 11,8% христијани сметаат дека вакцините се штетни. Тоа практично значи дека една третина од христијаните одбиле да се вакцинираат.

Кај муслиманите само 9,2% не веруваат во вакцината, а 4,6% сметаат дека вакцините се штетни.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *