
Кирил Петков е прв бугарски премиер во последните 20 години кој не даде заклетва пред црквата, туку само пред основните законски обврски. Тој и министрите на новата Владата заклетвите ги дадоа во отсуство на Патријархот Неофит.
Бугарските медиуми наведуваат дека причината за неприсуството на поглаварот на БПЦ е едноставна – тој не бил поканет и не е знак од самата црква за некаков однос кон новата власт.
-Патријархот Нефот едноставно не беше поканет, а без офиицјална покана тој не може ниту да влезе во Парламентот, велат од БПЦ.
Петков сепак не е првиот бугарски премиер, кој избрал да не се заколне пред Патријархот. Таа практика се практикува од 2001 година, коба беше воведена од Симеон Сакскобурготски и потоа прифатена од Сергеј Станишев и Бојко Борисов.
Кирил Петков стана дел од „старите“ премиери кои се заколнуваа само прд Уставот, како Филип Димитров, Љубен Беров, Жан Виденов и Иван Костов.