Почетна Политичка теологија Бугарскиот Уставен суд ја отфрли Истанбулската Конвенција
Бугарскиот Уставен суд ја отфрли Истанбулската Конвенција

Бугарскиот Уставен суд ја отфрли Истанбулската Конвенција

91
0

Уставниот суд на Бугарија вчера донесе одлука според која терминот „пол“ може да биде сфатен исклучиво во својата биолошка смисла. Одлуката дојде на барање на Генералното Собрание на Граѓанскиот колегиум при Врховниот суд да даде задолжително толкување на различни членови на Уставот.

„Принципите и претпоставките на сегашниот Устав не ни дозволуваат да наложиме позитивна обврзаност на државата за правно покритие на самоопределбата на личноста според род, во поинаква освен биолошка смисла, бидејќи нема да биде во согласност со содржината на уставниот термин „пол“ како суштински за уставната и правна основа на бракот и семејството“, се вели во судската одлука

Судот ги зеде предвид историските и духовни традиции и вредности на Бугарското општество, и одлуката беше речиси едногласна-  11 наспроти 1

Бугарската Православна Црква го даде својот став по ова прашање уште во јуни, кога од Судот беше побарано да даде свое толкување. Накратко, Црквата изјави дека новата полова идеологија е демонски напад кој има за цел да го одвои човекот од Бога.

Ова гледиште беше одговор на Црквата на Истамбулската Конвенција, која Бугарскиот Суд ја прогласи за неуставна.

Спротивно на ова, споменатава Конвенција беше неодамна усвоена од Молдавскиот Парламент, и покрај протестите на Црквата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *