Почетна Вера Рамазанска порака на Поглаварот на ИВЗ
Рамазанска порака на Поглаварот на ИВЗ

Рамазанска порака на Поглаварот на ИВЗ

191
0

Поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи ги повика верниците муслимани месецот на пост да го поминат согласно учењата на Куранот, градејќи добри дела, почит и љубов кон другите.

Месецoт Рамазан е месец во кој е објавен Куранот како патоказ за луѓето, јасен доказ на правиот пат и Одделувач на вистината од невистината. Па, кој од вас ќе се најде во тој месец нека пости тие денови. Ел бекаре 185.

iftarМу благодариме на Возвишениот Алах кој уште еднаш ни овозможи да го доживееме благословениот месец, да ги доживееме благословените и светли денови и ноќи на овој величествен месец.
Овој месец е круна на сето тоа што може да се изрази само преку постот, поради што го молиме Севишниот Алах да ни овозможи уште еднаш да го исчистиме и да го воздигнеме нашиот дух, со добри дела, со добар однос, почит и лубов кон другите, кон човекот како Божји застапник на овој свет.

Постејќи во текот на овој величествен месец, ние ќе ја сфаќаме подлабоко болката на гладните луѓе, ќе ги почувствуваме маките на сиромашните, на бедните и на немоќните луѓе.
Браќа и сестри вам и на вашите семејства нека вие хајрли и бериќетен Благословениот месец Рамазан и заеднички да го молиме Возвишениот Алах за да го прими од нас постот, и за тоа, Тој да не награди со своите неограничени награди.

Еселаму Алејкум ве Рахметулахи ве берекатуху.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *