Почетна Вести Прва литургија во град во Ирак, по ослободувањето од ИСИЛ
Прва литургија во град во Ирак, по ослободувањето од ИСИЛ

Прва литургија во град во Ирак, по ослободувањето од ИСИЛ

388
0

На 30 октомври 2016 година, во поцрнетиот од оган храм во градот Каракуш, северен Ирак, се одржа првата богослужба после 2014 година, кога градот беше окупиран од терористичката организација ИДИЛ. Сега најпосле, во рамките на големите операции за ослободување на Мосул, државната војска на Ирак и Курдските бранители го ослободија Каракуш. Сепак, отстапувајќи, ИДИЛ ја запалиле црквата.

irakКаракуш, познат исто така како Хаданија (на арапски) и Бахдид (на арамејски), во 2014 година бил најголемиот христијански град во Ирак, во којшто 95 % од населението биле Христијани (50 илјади жители). Со влегувањето на ИДИЛ во градот, христијанското население било протерано, а за време на окупацијата биле уништени неколку цркви во Каракуш, додека неколку цркви биле претворени во џамии или командни центри на терористите.

Ваквата судбина ги снашла и многу други цркви во градовите и селата на Ниневиската рамнина, каде историски живеела христијанската заедница на Ирак. Една од црквите дури била и искористена како работилница за правење на бомби. Терористите го уништија илјада години стариот историски артефакт, прекривајќи ги ѕидовите на храмот со графити и цитати од Хадисот.

Христијанството во Ирак има 20 вековна историја. Цели 2000 години, многу од градовите, како што е Бартела, Карлаис и Каракош биле познати токму како христијански. Но, бројот на христијанското население нагло се намали после падот на Садам Хусеин и постојаните конфликти и војни што следеа после тоа.

Ирачките Христијани коишто ги напуштиле своите градови и села пред две години, не се решаваат да се вратат во своите домови. Верниците се загрижени дека дури и ако се вратат дома, тие ќе се соочат со тешка дискриминација и можни напади од страна на муслиманското мнозинство. Ирачката и Курдската војска сега се тргнати кон Мосул, каде се наоѓаат околу 1, 5 милион цивилно население.

Халид Рамзи, парохјан на црквата во Ербил, вели дека се плаши да се врати во Мосул:

„Не сакаме два пати да паднеме во таа иста јама. Не би сакале нашите деца да растат во насилство и страв. Само уште во нашите мечти е можно враќањето во Мосул“, изјави тој.

Свештеникот на црквата во Ербил, о. Захариј Ивас, вели дека за него враќањето значи „сеќавање на сета болка, сета опасност, сите убиства, сите писма со куршуми внатре. Ќе ги паметиме тие погледи на улиците“.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *