Почетна Вести Европа Проруски свештеници во Украина кон Патријархот Кирил – За татко ве сметавме, вие излеговте полош и од очув, Бог ќе ви суди

Проруски свештеници во Украина кон Патријархот Кирил – За татко ве сметавме, вие излеговте полош и од очув, Бог ќе ви суди

310
0

Свештениците на Украинската православна црква – Московска патријарпија во Украина издадоа соопштение во кое изразија згрозеност од однесувањето на рускиот патријарх Кирил. Свештениците во името на Митропоилитот Онуфриј, снимиле видео пораик во коиу повикуваат на Собор на Руската православна црква и прекинат да го спомнуваат патријархот Кирил во молитвите.

„Јас сум протоереј Петар Семашчук, свештеник на Руската црква во Украина и повереник на црквата во Киев, на чело со митрополитот Онуфриј. Му се обраќам на рускиот патријарх Кирил: Ќе престанам да го спомнувам твоето име за време на богослужбата во нашата црква. Ова е мојот одговор на вашето молчење за време на руската војна во Украина. Мислевме дека си татко, а ти испадна полош од очув. Бог ќе ви суди. Апелирам до митрополитот Онуфриј да иницира свикување на помесен собор на Руската црква во Украина, кој ќе го постави прашањето за несоодветноста на нашиот понатамошен престој во редовите на Руската црква и ќе го промени канонскиот статус на нашата Црква, е пораката што ја повторуваат свештениците.

Погледнете го видеото.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *