Почетна Вести Преспанско-пелагониската епархија ќе го професионализира нискиот црковен клир
Преспанско-пелагониската епархија ќе го професионализира нискиот црковен клир

Преспанско-пелагониската епархија ќе го професионализира нискиот црковен клир

472
0

Преспанско-пелагониската Митрополија ќе организира двегодишни кирсови за подготовка на црковни псалти. Митрополијата распиша конкурс за сите заинтересирани граѓани, кои сакаат да го изучуваат древното македонско, источно црковно пеење на Православната Црква.

PrespanskaЦелта е да се професионализира нискиот клир (црковни чтеци, певци), од кои епархијата има потреба.

Сите кандидати, по успешното завршување, ќе имаат можност да бидат ангажирани во храмовите на Православната Преспанско-пелагониска Епархија, посочуваат од епархијата.

Курсот опфаќа изучување и совладување на следните дисциплини, потребни за професионално извршување

-Теорија на музиката со солфеж и вокална техника;

-Македонското древно источно црковно пеење;

-Хорски партитури;

-Типик;

-Литургика;

-Вовед во Православната вера (катихизис со црковнословенски јазик).

Од преспанско-пелагонсиката епархија велат дека стручните музички предавања ќе бидат под раководство на м-р Гоце Секулоски. Првата аудиција за прием на првите кандидати ќе биде 05.септември 2016 година.

За заинтересираните повеќе детали за потребната документација побарајте ОВДЕ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *