Почетна Вести Православните свештеници ја бојкотираа мисата на Папата во Тбилиси
Православните свештеници ја бојкотираа мисата на Папата во Тбилиси

Православните свештеници ја бојкотираа мисата на Папата во Тбилиси

340
0

Поглаварот на Католичката црква, папата Франциск денеска во присуство на неколку илјади лица одржа миса на градскиот стадион во Тбилиси, која беше бојкотирана од свештенството на Грузиската православна црква.

Pope Francis releases a dove at the end of a visit to the Chaldean Catholic Church of St. Simon Bar Sabbae in TbilisiНа мисата на стадионот „Михаил Месхи“, кој има капацитет од над 27.000 седишта, присуствуваа околу 3.000 лица, па поголемиот дел од објектот остана празен.

– Малубројни и сакани верници во Грузија, кои сте посветени на хуманитарната работа и образованието, примете охрабување од Божјиот пастир и верувајте во оној, што ве носи на своите рамена и ве теши, порача папата во обраќањето на мислата.

Pope Francis waves as he arrives to lead the Holy Mass at the Mikheil Meskhi Stadium in TbilisiКако што кави ДПА, Грузија е доминантно православна земја и според официјалните податоци во неа живеат само околу 20.000 католици. Меѓутоа, Католичката црква тврди дека во Грузија има околу 112.000 католици, што би било 2,5 отсто од населението.

Ватикан, кој престојот на папата во Грузија, а потоа и во Азербејџан, го најави како „мисија на мирот“ во кавкасвиот регион, очекуваше на мисата да присуствува и делегација на Грузиската православна црква. но таа соопшти дела „нејзиното свештенство не може да учествува на католичка верска служба поради догматски разлики, кои датираат уште од Средниот век“.

– На крајот не се појави ниту еден православен свештеник. Нивното присуство сепак ќе беше уште еден гест на добра волја по денешниот состанок на папата Франциксо со (поглаварот на Грузиската православна црква) патријаргот Илија Втори, изјави портпаролот на Ватикан, Грег Берк.

Pope Francis waves as he arrives for holy mass at Mikheil Meskhi stadium in TbilisiГрузиските медиуми посветија мало внимание на посетата на папата на Тбилиси и остана првенствено насочени кон предизборната кампања за изборите закжани за 8 октомври.

Папата Франциско во Тбилиси допатува синоќа, при што на аеродромот го пречекаа грузискиот претседател Гиорги Маргавелашвили и партијархот Илија Втори.

Од Тбилиси, папата ќе отпатува за Азербејџан.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *