Почетна Вести Папата Франциск во „мисија на мирот“ во кавкаскиот регион
Папата Франциск во „мисија на мирот“ во кавкаскиот регион

Папата Франциск во „мисија на мирот“ во кавкаскиот регион

78
0

Поглаварот на Католичката црква, папата Франциск, синоќа допатува во Грузија, која е прва етапа од, како што најави Ватикан, неговата „мисија на мирот“ во реонот на Кавказот.

papa-gruzija-2На аеродормот во Тбилиси папата беше пречекан од грузискиот претсдеател Гиорги Маргавелашвили и поглаварот на Грузиската православна црква, партијархот Илија Втори.

По пристигнувањето, папата повика на почитување на суверенитетот на сите држави во рамки на меѓународното право и на „коегзистенција меѓу народите и земјите во регионот, како неопходен предуслов за мир и стабилност“.

По денешните средби со грузиските лидери, папата ќе го продолжи престојот во кавкаскиот регион со посета на Азербејџан.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *