
Во 4 часот по локално време големите дрвени порти на црквата на Христовото Воскресение во Ерусалим беа отворени од двајца чувари. Тоа се случли три дена откако главниот храм на христијанскиот свет беше затворен во знак на протест против одлуката на градоначалникот на Ерусалим да наметне данок за недвижниот имот на христијанските цркви во Светата Земјата.
Неколку часа порано владата на Бенјамин Нетанјаху објави дека уи кинува плановите за оданочување на недвижниот имот на христијанските цркви до постигнување на взаемно прифатливо решение.
-Ја изразуваме нашата благодарност кон оние кои работеа неуморно да го задржат присуството на христијанството во Ерусалим, изјавија во заедничкото соопштение православната Ерусалимската патријаршија, Ерменската Апостолска црква и Католичката црква.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху и градоначалникот на Ерусалим Нир Баркли се согласиле да формираат експертска група, предводена од членови на владата, со учество на сите ангажирани страни, за да се најде решение за даноците на зградите.