Поранешниот премиер на Црна Гора и носител на листата „За иднината на Црна Гора“ од изборите во 2020 година, Здравко Кривокапиќ, јавно се огласи по повод исклучувањето од Српската православна црква на двајца теолози, Милиќевиќ и Пантелиќ, како и поради постапката што се води против нивниот надлежен архијереј, владиката Јустин од Краљево.
Во објава на социјалните мрежи со наслов „Не е виновен – но сепак се казнува“, Кривокапиќ оценува дека во Православната црква исклучување на теолози и свештеници не смее да се применува поради несогласување со црковното раководство, туку исклучиво во случаи на ерес. Тој нагласува дека сите верници, а особено свештенослужителите, имаат право и должност да го следат работењето на своите духовни водачи, да изнесуваат ставови и да упатуваат критика. Според него, ставовите што ги изнел митрополитот Јустин се делат од значаен дел од неговата паства.
Кривокапиќ додава дека на Православната црква не ѝ е својствен „инквизиторски пристап“, алудирајќи на, како што наведува, практики на притисок и санкционирање внатре во црковните структури.
Неговата реакција доаѓа во контекст на засилени тензии во рамките на Српската православна црква и јавни полемики околу односот меѓу црковната хиерархија, теолозите и верниците, а во контекст на исклучувањето од црковната заедница на теолозите Милиќевиќ и Пантелиќ.
Инаку, Кривокапиќ беше премиер во времето кога со полициска асистенција во Цетиње беше донесен патријархот Порфириј и интронизиран новиот митрополит Црногорско-приморски Јоаникиј.


