227
0
Група од 20 ирански сунити, за кои се наведува дека биле терористи осудени за неколку убиства и загрозување на националната безбедност, денеска се погубени, јавуваат иранските државни медиуми.
– Тие луѓе убиваа жени и деца. Работеа против безбедноста и убиваа сунитски религиозни водачи во одредени курдски области – изјави јавниот обвинител Мохамед Џавад Монтазери за телевизијата ИРИБ.
/МИА