Екскомуникацијата на Милиќевиќ и Пантелиќ ја наредил неофицијалниот патријарх на СПЦ, Вучиќ, и неговата продолжена рака во оваа организација, Порфириј Периќ. Сепак, во овој случај, како и во претходните случаи на „дисциплинирање на непослушните“ владици, се издвои Велибор Џомиќ, оперативец на Црквата на Србија кој некогаш бил задолжен за Црна Гора, а кој, како докажан „ćaci –лојалист“, сега ја презеде улогата на главен истражител-инквизитор во СПЦ („ćaci“ е српски сленг термин и политички мем, кој потекнува од погрешно пишување на зборот đaci („ученици“) во графити, што сега означува поединци кои се сметаат за слепо лојални или платени поддржувачи на владејачката партија. Служи како сатиричен термин што го користат критичарите за да се потсмеваат на демонстрациите поддржани од државата, заб. на прев.).
Српскиот автократ Александар Вучиќ и неговата марионета на чело на Црквата на Србија, позната и под кратенката СПЦ, Порфирије Периќ, решија да воведат ред во оваа организација и да го замолчат секој глас на критика упатен кон државното и црковното раководство.
Чистката во редовите на Српската црква започна со студентски протести во март минатата година, откако шест епископи ги поддржаа студентите и се дистанцираа од списите на поединци од СПЦ кои ги нарекуваа „усташи“.
Неофицијалниот патријарх на СПЦ, Александар Вучиќ, не можеше да премине преку тоа, па преку своите „ćaci-лојалисти“ во мантии, реши да го „дисциплинира“ секој што е поврзан со СПЦ, а кој покажал бунт или каква било форма на непослушност кон режимот.
Исклучување од СПЦ
Најновите жртви на светосавската инквизицијата на Вучиќ и Порфириј се теолозите Благој Пантелиќ и Вукашин Милиќевиќ, кои беа исклучени од Српската православна црква пред два дена. Милиќевиќ бил лишен и од свештеничкиот чин, според одлуката на Црковниот суд на Белградско-карловачката архиепископија.
Теологот Благој Пантелиќ изјави за мрежата „Икс“ дека „патријархот Порфириј конечно го исклучил од црковната заедница“. Тој најави дека ќе се жали до Големиот црковен суд.
Управниот одбор на Фондацијата за унапредување на демократијата „Љуба Давидовиќ“ го изрази својот протест поради пресудата на Црковниот суд на Белградско-карловачката архиепископија, со која Вукашин Милиќевиќ беше лишен од свештеничкиот чин и исклучен од црковната заедница, оценувајќи дека пресудата е „пример за политичко-црковен прогон“.
Исклучувањето на двајцата теолози од Српската православна црква не треба да биде изненадувачки, бидејќи Милиќевиќ и Пантелиќ се жестоки критичари на режимот на Вучиќ, но и на раководството на Српската црква, на чело со патријархот Порфириј, кој се прогласи за „лојалист“ во служба на српскиот автократ. Дополнителна причина за стигматизирање на Милиќевиќ е тоа што тој е член на Претседателството на Демократската партија, што е апсолутно неприфатливо во сервилната псевдоцрква на Вучиќ, каква што е Српската православна црква.
Велибор Џомиќ, истражителот на Вучиќ
Јасно е дека екскомуникацијата на Милиќевиќ и Пантелиќ ја наредил неофицијалниот патријарх на Српската православна црква, Вучиќ, и неговата продолжена рака во оваа организација, Порфириј Периќ. Сепак, во овој случај, како и во претходните случаи на „дисциплинирње на непослушните“ владици, се издвои Велибор Џомиќ, оперативец на Српската црква кој некогаш бил задолжен за Црна Гора, а кој, како докажан „ćaci -лојалист“, сега ја презеде улогата на главен истражител-инквизитор во Српската православна црква.
Обвинението против Пантелиќ и Милиќевиќ го напиша самиот Џомиќ, во својство на црковен обвинител на Белградско-карловачката архиепископија. Со оваа акција, Џомиќ се појави како главен оперативец-истражител чија задача е да ги таргетира и „елиминира“ од Српската православна црква сите непожелни елементи кои не се во служба на „ ćaci -лојалистичката“ политика, што во име на Вучиќ ја застапуваат Порфириј и сивата еминенција на Српската црква, митрополитот Иринеј Буловиќ.
„Џомиќ стана познат во црковните и световните кругови како „Вучиќевиот питбул во мантија“ бидејќи безмилосно спроведува дејствија против секој што е поврзан со Српската православна црква, а кој се осмелува да отстапи од тврдокорната доктрина на Вучиќ со изјави и дејствија“, велат наши извори од врвот на Српската црква.
На мета на Џомиќ и високопозиционирани владици
Теолозите Пантелиќ и Милиќевиќ не се единствените жртви на прогонот чиј директен извршител е питбулот на Вучиќ, Џомиќ. Висок функционер на Српската црква, познат како митрополит Жички, Јустин, се најде на удар на Бордот на директори на таа организација, познат под називот „Синод на СПЦ“.
СПЦ подготвува смена на епископот Јустин, кој ги поддржа студентите
Врховниот орган на СПЦ започна истрага против Јустин во октомври минатата година, објаснувајќи дека „начинот на кој тој досега ја водеше Жичката епархија е сомнителен“. Приказните за „сомнителниот начин“ на водење на епархијата се фарса и се провидна пропаганда што служи за да се скрие фактот дека во случајот на Јустин станува збор за политички прогон поради неговата несоодветност и затоа што митрополитот Жички одби да застане на страната на неформалниот патријарх на СПЦ, Вучиќ. Јустин беше еден од шесте епископи кои во март минатата година ги поддржаа студентите и се дистанцираа од пишувањата на поединци од СПЦ кои (студентите) ги нарекуваа „усташи“.
Во контекст на прогонот на Јустин, Синодот на Српската православна црква формираше комисија предводена од еминенцијата на оваа организација, митрополитот Иринеј Буловиќ, во која беа вклучени новоизбраниот митрополит Методиј Остојиќ и, како неопходен член, Велибор Џомиќ.
Џомиќ и Буловиќ, заедно со Методиј, кој подоцна им се придружи, не само што ги претставуваат закоравените лојалисти и „ćaci“ на Вучиќ, туку се и водачи на таканаречената „болшевичко-атеистичка“ струја, која, заедно со педофилската струја, владее со Црквата на Србија. Како што пишувавме и претходно, на мета на болшевичко-атеистичката инквизиција на СПЦ на Џомиќ и Буловиќ би можело да биде и уште некој од шесте владици кои во март ги поддржаа студентите. Еден од овие „нелојални“ владици, покрај Јустин, е и митрополитот црногорско-приморски Јоаникиј Миќовиќ, кој застана на страната на студентите, против автократскиот режим на Вучиќ.
Од главен оперативец за Црна Гора до питбул на Вучиќ
Велибор Џомиќ е добро познат на секој што ја следи политичката ситуација во Црна Гора во последните 15 години. Тој е еден од организаторите на политичко-диверзантските акции познати под кодното име „литии“, кои ги координираше од сенка, за неговиот тогашен шеф и прв оперативец на Српската православна црква, Амфилохије Радовиќ, и нивните белградски налогодавачи.
Слободата ќе го победи ропството. Правдата ќе го победи беззаконието
Џомиќ го следат контроверзии поврзани со неговиот лекомислен пристап кон коронавирусот за време на пандемијата пред неколку години. На врвот на пандемијата во 2020 година, Џомиќ говореше дека „литиите ја лекуваат корона“, за веднаш потоа високи функционери на Српската црква да починат од овој вирус за краток временски период – Амфилохије Радовиќ, тогашниот патријарх Иринеј Гавриловиќ, Атанасије Јевтиќ и свештеникот Момчило Кривокапиќ.
По „Литијното востание“ на 30 август 2020 година, кое го координираше за оперативно-безбедносните центри во Белград, Џомиќ беше повлечен во „главниот град“, каде што сега работи како специјален оперативец-истражител за зачувување на „ćaci-лојалистичката“ доктрина во СПЦ.
Пишува: Балша Кнежевиќ
Извор:Aktuelno

