Почетна Вести ПАРАДОКС: За градот Букурешт Црквата е поважна од болниците
ПАРАДОКС: За градот Букурешт Црквата е поважна од болниците

ПАРАДОКС: За градот Букурешт Црквата е поважна од болниците

186
0

Романската православна црква се најде на жесток напад од романските медиуми, откако градскиот совет на главниот град Букурешт, одлучил да и додели на црквата 10 милиони романски леи, или околу 2.400.000 евра, од градската каса.

Револтот кон црквата, а особено кон локалните градски власти е дополнително зголемен затоа што со истата одлука на градскиот совет на болниците и биле доделени само 6 милиона леи, или околу 1. 343 000 евра.

-Додека нашите деца умираат во болниците и пациентите доаѓаат со лекови од дома, големите умови на Генералниот совет едногласно одлучи дека, во изборна година, духовно здравје е поважно од здравјето на телото, пишуваат романските медиуми, коментирајќи ја одлуката на градскиот совет на Букурешт.

Романските владици и свештеници се на удар на јавноста и поради луксузот во кој што уживаат, пишуваат медиумите.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *