Почетна Вести Папата собра над еден милион следбеници со само една слика на инстаграм
Папата собра над еден милион следбеници со само една слика на инстаграм

Папата собра над еден милион следбеници со само една слика на инстаграм

246
0

За само два дена Папата Франциск собра над 1,5 милиони следбеници на својот профил на Инстаграм кој го отвори во саботата на 19 март, на денот на неговата инаугурација за Поглавар на римокатоличката црква.

Името на профилот е Franciscus. Првата слика која што Папата ја стави беше во положба на молитва со коментар „молете се за мене“.

Сликата има повеќе од 269 илјади лајкови и над 31 илјада коментари.

Покрај ова слика, Папата постави и други слики и видео порака.

-Идејата за профил на Инстаграм е да се раскаже овој понтификат во слики и да овозможи на сите луѓе кои сакаат да го следат папата Фрациск, да влезат во гестовите на нежноста и милосрдието. Желбата е „да се истакне видикот на близина, инклузивноста кои Папа секојдневно ги живее“, едноставно „да се сподели и со емоционален аспект, овој понтификат“, велат од Ватикан, образложувајќи ја одлуката за отворање профил на Инстаграм.

Социјалните мрежи на одреден начин ги прошируваат хоризонтите на односите, се работи за други односи, но тие не се спротивставени на оние реалните и не се помалку вистинити,  едноставно се други , а во овој случај Папата ни го покажува нивниот позитивен аспект, велат од Ватикан.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *