Почетна Вести Папата Франциск денеска во Синагога
Папата Франциск денеска во Синагога

Папата Франциск денеска во Синагога

111
0

Папата Франциск денеска ќе ја посети Синагогата во Рим. Тоа ќе биде прва негова посета на римската синагога. Во 2010 Бенедикт XVI беше во посета, а како историска се оценува посетата на Папата Јован павле II во 1986 година.

Главниот рабин на еврејската заедница во Рим, Рикардо Ди Сегни за „Радио Ватикан“ изјваил дека Папата Фрациск ќе има средби и со претставниците на сите организации и установи кои делуваат на повеќе полиња во рамките на заедницата. Освен тоа ќе се сретне и со еврејски претставници од светот, кој ќе дојдат во Рим токму за таа прилика, како и со бројни рабини, италијански и израелски, како и претседателот на европските рабини.

-Треба да се истакне дека религиските разлики се богатство за општеството; донесуваат мир, напредок и поради тоа во потполност се во спротивност со она што се случува со вознемирувачките знаци кои доаѓаат од другите религии, рекол за „Радио Ватикан“, главниот Рабин на Рим, оценувајќи ја пораката која денеска ќе биде испратена.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *