Папа Франциско: Светот е во војна, но не религиска

Date:

Share post:

Папата Франциско изјави дека неодамнешните напади, вклучувајќи го и вчерашното убиство на свештеникот во Франција, покажуваат дека светот е во војна, но не верска.

papa krakov 2Тој објасни дека не мисли на војна на религии, туку на војна за доминација на народите и економските интереси, пренесоа американските медиуми.

Папата изјавата ја даде пред новинарите на пат за Краков, каде ќе присуствува на глобалниот собир на католичката младина, што се одржува на секои две до три години.

Краков е првата станица од неговата петдневна посета на Полска, во текот на која ќе разговора со католичката младина, ќе обиколи некои од најзначајните католички цркви и ќе го посети Аушвиц.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img