Почетна Интервју Отец Јаков: Црквата не е против интернетот туку против неговата злоупотреба

Отец Јаков: Црквата не е против интернетот туку против неговата злоупотреба

329
0

Нема зло во интернетот, во современата технологија, туку во злоупотребата на нештата, вели Отец Јаков, Епископ Стобиски од Струмичка Епархија при МПЦ-ОА, кој беше гостин во емисијата „Стадион’ на Канал 77.

„За време на пандемијата имаше онлајн преноси на Литургиите, затоа што луѓето беа спречени да доаѓаат во црквите. Но ако ме прашате мене, не сум љубител на онлајн преноси, зошто литургијата секогаш подразбира жив однос, собирање на едно место, причестување реално. Не постои виртуелно причестување со живиот Бог. Литургијата е незаменлива, со сите други молитви, вечерни, утрини, може да се припомогне, не се на некој начин обврска на христијаните, но народот божји да се собере наедно место, на света Литургија околу својот епископ е дефиниција за црква. И во првите векови и во најтешките векови за црквата, првите христијани многу добро го разбирале тоа. Во првите три века од Миланскиот едикт и признавање и давање легитимитет на христијанството како вера и тој прогон, постојани убивања на христијаните што обично се случувале за време на литургијата , на неделните литургии, тие кога се причестувале, за разлика од денес кога велиме за „здравје за спасение“, тие велеле„ за попат и на кон вечен живот“. Тие не знаеле дали тоа ќе им биде последната причест и кога ќе им бидат отсечени главите. Но и покрај таа животна опасност секоја недела рано наутро доаѓал на едно место собрани околу својот Епископ да се причестат. Токму во светлината на тој автентичен христијански живот, недозволиво е да се задоволиме со некаков онлајн пренос“, образложи Отец Јаков.

Погледнете го целото интервју

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *