Почетна Вера МПЦ-ОА Осветена манастирска црква во ресенско
Осветена манастирска црква во ресенско

Осветена манастирска црква во ресенско

160
0

Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар го осветил манастирчето посветено на Св. Јован Крстител и св. Симеон Столпник во село Петрино, Ресенско. Изградбата на овој храм почнала пред 21 година во 1995 година на 22 октомври кога од страна на надлежениот Aрхиереј, биле осветени темелите и почетокот на  изградбата на црквата, потоа и конакот со параклисот посветен на Св. Симеон Столпник.

На 21.10.2016 година Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужил Вечерна богослужба во манастирчето, каде биле донесени светите мошти, а утредента, на 22.10 и осветувањето на храмот, после што била отслужена првата Божествена Литургија.

ГАЛЕРИЈА:


НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *