Почетна Вести Од дебарското муфтиство на аџилак 17,од Македонија 770 верници
Од дебарското муфтиство на аџилак 17,од Македонија 770 верници

Од дебарското муфтиство на аџилак 17,од Македонија 770 верници

75
0

Од дебарското муфтиство кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше, годинава на аџилак во светите исламски места Мека и Медина, ќе заминат 17 верници.

ivz– За верниците кои заминуваат на аџилак, во присуство на нивни роднини и пријатели ја одржавме молитвата (довата) ја хаџ. И сите други потребни активности се реализрани, вакцинација ,визи и на 2-ри септември верниците заминуваат со авион за Саудиска Арабија, изјави дебарскиот муфтија Хаџи Рамазан ефенди Хаса.

Според Хаса на аџилак од Република Макдонија заминуваат вкупно 770 верници. Нивното заминување е во организација на Исламската верска заедница.

Аџилакот е петтиот и последн столб на Исламот, на кој секој добар верник муслиман треба да замине барем еднаш во животот, а задолжителен е за оние кои располагаат со богатство.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *