Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, изјави дека по терористичкиот напад врз две џамии во градот Крајстчрч на 15 март, езанот за петочната молитва ќе се емитува во живо на радио и на телевизија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите во локалните медиуми, Ардерн истакнала дека езанот за петочната молитва ќе се емитува во живо преку Радио „Нов Зеланд“ (RNZ) и Телевизија „Нов Зеланд“ (TVNZ).
Ардерн, истакнувајќи дека сака да даде поддршка на муслиманите што ќе се соберат во џамиите за петочната молитва, додаде: „Во петок преку Радио „Нов Зеланд“ (RNZ) и Телевизија „Нов Зеланд“ (TVNZ) езанот ќе се емитува на национално ниво.“
Премиерката Ардерн истакна дека во петок со двеминутно молчење ќе им биде оддадена почит на жртвите и побара од жените да носат шамии за да покажат солидарност со жените муслиманки.
Во терористичкиот напад во Крајстчрч, Нов Зеланд, извршен во џамиите „Ел Нур“ и „Линвуд“ за време на петочната молитва на 15 март, 50 лица ги загубија своите животи.
/A.A

