Методиј Миткоски е новиот ѓакон на Европската епархија. Тој беше ракололожен од надлежниот митрополит Пимен во црквата во Крањ Словенија.
Ова е прво ракополагање во ѓеконски чин извршено во оваа црква на МПЦ-ОА.
Ракополагањето беше за време на Света Архиерејска Литургија по повод Лазарева сабота, а покрај митрополитот Пимен, сослужуваа парохискиот свештеник протојереј отец Митко и отец Дејан од Копер.
Достоен! Достоен! Достоен!, извикуваа верниците.
-Нека Господ му даде сила, мудрост и благослов во неговата служба на Светата Црква, велат од епархијата.


Дел од критиките и повиците се разбира се на место. Но, според пригодата и намерите нашите аналитичари еднаш велат дека живееме во секуларно општество, другпат во христијанско итн. Ние сепак живееме во граѓанско општество, голем дел од нашите граѓани се христијани, но постои исламска заедница, постојат будисти, некакви форми на индуизам, атеисти итн. Живата проповед на Македонската Православна Црква најмногу се случува во храмовите, а и Воскреснието Христово не може да се поистовети со обичајот за бојадисување јајца, кој е долга традиција кај православните. Нашите велигденски јајца не се најскапи во Европа, најголем дел од Европејците не бојадисуваат јајца (тоа е едноставно православна традиција), неправославните христијани купуваат, подаруваат и јадат чоколадни јајца и коломби (еден вид пенушест милиброд). Вистина е дека коломбите често може да се најдат по економична цена, односно барем еден-два бренда продаваат квалитетни ефтини коломби. Неодамна Владиката Партениј имаше беседа на оваа тема, всушност пофали еден верник од исламска вероисповед кој им ги платил долговите во аптека на сите задолжени пациенти, не само на муслиманите, како гест на неговото лично празнување на исламскиот Бајрам.
Што се однесува до христијаните, за кого како. За едни ‘Царството Небесно не е јадење и пиење” и за нив цената на јајцата нема никаква поврзаност со празнувањето на Воскресението Христово. Лично сметам дека обичајот со кршење јајца не е благобитиен (напротив!), иако православните го доживуваат како мала празнична шега (или како одмерување на силите, на содржината и квалитетот на подвигот на кршителите). За други празнувањето задолжително го вклучува споменот на настанот со Св. Марија Магдалина пред римскиот император и легендарното поцрвенување на подарените јајца како чудо за сведоштво на вистинитоста на Воскресението Христово (би било нели убаво кога ние би можеле да Го сведочиме Христос со свое чудо овие денови, не само бојадисувајќи јајца, бидејќи Марија Магдалина не ги бојадисала). Таа традиција вклучува и темелно исчистен дом, уредна градина, трпеза со скапо јагнешко месо и лепеза десерти со ореви, бадеми итн. Се разбира, секој од своето место и според својот дар празнува како што знае, може и умее. Но, познато е дека најголемите плодови од христијанскиот подвиг сепак произлегуваат од многу подлабоки предели на човековото битие кои го остваруваат невидливиот двиг кон Бог, кои се темелат токму на странствувањето од овој свет а не на сопствената позиционираност и поволностите коишто од неа произлегуваат во него. Живите проповеди на Црквата се однесуваат на личната преобразба на христијаните како возможна во секакви услови (особено во услови на прогонство, немаштија, лишеност од секој вид земни добра).
Мислам дека современите аналитичари се обидуваат да извршат некој притисок со кој Црквата би се свела на некаков коректив на општествените институции (нешто налик на некои модерни монархии со ограничена општествена моќ), што е всушност (свесен или не) обид Таа да се маргинализира, да се маскира, искасапи, нашминка, редуцира, онеспособи. Ако се’ почесто се зборува за Црквата и за Нејзината преобразба со човечки организациски механизми, а се’ поретко за Христос како Нејзина Глава и човеков идеал и Извор на благодат (Божествени енергии) за лична преобразба, Единствениот Кој при човековата отвореност за Негово дејствување може да Ја преобрази и на соборен план целата странствувачка Црква како Таква – оддалечувањето од Бог ќе биде многу поверојатен исход и за граѓанското општество, кое одбило да има сол во себе, и кое всушност ги изгазило Нејзините бисери фрлени пред него.