Злоупотреба за политички цели на настани со предзнак Велигденски

Date:

Share post:

Настан во училишен двор во Куманово, најавен како „велигденски хуманитарен концерт“, отвори политичка полемика откако на снимки се гледа како стотици деца во еден глас пеат песна посветена на градоначалникот и лидер на ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски.

Пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски, остро реагираше, оценувајќи дека станува збор за злоупотреба на деца за политичка промоција.

„Злоупотреба на деца за политичка промоција е недозволива и срамна. Училиштето мора да биде место за образование, воспитување и вредности, а не сцена за политички кампањи“, напиша Спасовски.

„Наместо вистинска хуманост, на настанот се злоупотребени дечињата и принудени да ја пеат песна од изборната кампања на Димитриевски. Ова е класична злоупотреба на деца за политичка промоција, спротивно на законите и претставува грубо кршење на правата на децата. Член 12, став 4 од Законот за заштита на децата, строго забранува злоупотреба на децата за политичко организирање и дејствување. Очигледно, за Димитриевски и ЗНАМ нема граници – од тендери, преку политичка пропаганда, до злоупотреба на најмладите“, велат од СДСМ.

Од Движењето ЗНАМ ги отфрлија обвинувањата, нарекувајќи ги лажни и злонамерни. Оттаму тврдат дека станува збор за хуманитарен настан без никаква принуда или политичка злоупотреба.

„Немало и нема никаква злоупотреба на деца. Овие конструкции се очаен обид за политичка дискредитација“, велат од ЗНАМ.

Партијата која е дел од владејачкото мнозинство посочува дека целата организација на посочената хуманитарна акција била на родителите во соработка со естрадни уметници, водители, диџеи и аниматори кои, како што велат, се изразуваат на слободен стил. Во однос на песната што ја пееја децата, која стана популарна за време на изборната кампања за локалните избори, од ЗНАМ посочуваат дека се работи за авторска, а не за изборна песна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img