Почетна Вести Николиќ го убедувал Српскиот патријарх да дозволи посета на Папата
Николиќ го убедувал Српскиот патријарх да дозволи посета на Папата

Николиќ го убедувал Српскиот патријарх да дозволи посета на Папата

517
1

Српскиот претседател, Томислав Николиќ ги убедувал Патријархот на СПЦ,  Иринеј и членовите на Синодот на СПЦ, дека треба да дозволат и да организираат посета на римокатоличкиот поглавар, Папата Франциск на Србија.

Ова, како што пишуваат српските медиуми го изјавил Претседателот Николиќ, потврдувајќи дека лобирал кај Српската православна црква.

Тој потенцирал дека за ова разговарал со владиците и со Патријархот, како што навел, поради две сериозни причини. Им пренел на Архиереите на СПЦ, дека посетата на Франциск на Србија е добра поради канонизацијата на хрватскиот Кардинал, Алојзе Степинац и поради ставот на Ватикан да не ја признава независноста на Косово.

Српскиот претседател, кој се наоѓа во Москва, каде ќе биде одликуван од меѓународниот фонд за единство на православните народи, изјавил дека од медиуми дознал дека одлучувачки за тоа дали Франциск треба да ја посети Србија, е важен ставот на Рускиот патријарх, Кирил.

-Јас тогаш им предочив дека за тоа треба сами да одлучиме, но дека е важно и мислењето на Московскиот патријарх и дека со него треба да се разговара, изјавил Николиќ, потенцирајќи дека Христијаните денес се загрозени и дека е очигледно дека е потребна многу поголема соработка.

Коментар(1)

  1. Србија до сега немала ваков ителегентен и способен претседател . како овој Николиќ. Тој има мудрост на прав Византиски цар. Тој, откако го ,,реши,, проблемот а српството и СПЦ на Косово, и Црна Гора , па во Босна и Хрватска , еве почна да го решава црквениот проблем на Србите и нивната црква и со Ватикан, папата . Невидено способен политичар од новиот ков. Способен да решава , покрај државничките прашања еве и теолошки . Ништо нема да биде чудо ако го видиме и да заседава со некоја седница и на идниот Вселенски собор заедно со патријархот и бачкиот еп. Иринеј, во својство на , или советодавец или главен консултант. Само не се знае во каква одора и инсигнии ќе биде, дали црквени, свештенички, четнички , бидејки тој е војвода на Шешељ, или во дух на српскиот фолклор-шајкача,без кокарда, на брич панталоне и опанке са роговима. . Многу способен и сестрана личност, а политичките противници велат дека само во печење на ракија, во казан , се разбира и во гробарските работи и дека немал факултетска диплома, всушност има дипломирао на некој факултет, ама не може да се сети на кој.
    Но за СПЦ ништо необичо, кога можело на Богословскиот факултет на триесеттина доктори на теологијата предавање да им држи еден , кој се манал од мистрија и малтер и постанал владика, уште па и предава на факултет , али само на тема –Прогон на црквата во Македонија

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *