Не е напредок богохулењето кон Бога, ниту пак, право е навредата на религиозните убедувања

Date:

Share post:

Вселенската патријаршија го осуди сквернавњето на Христијанството од отворањето на олимписките игри во Париз. Смета дека силното негодување од светот и реакциите треба да бидат јасна порака за идните постапки за оние кои ќе ја злупотребуваат религијата.

-Олимписките игри претставуваат врвен спортски настан кој го привлекува вниманието на милиони луѓе од секој агол на светот, а церемонијата на отворањето има огромно значење, бидејќи нуди можност за истакнување на историјата и културата на земјата домаќин и за пренесување позитивни пораки на глобално ниво.

Со многу тага следевме како за време на церемонијата во Париз беа прикажани навредливи сцени за Христијанството и за Светото Евангелие, како и за секој цивилизиран човек кој го признава правото на вера и почит кон религиозните симболи.

Овие слики не само што не ја разубавија церемонијата, туку ја затемнија. Не е напредок богохулењето кон Бога, ниту пак, право е навредата на религиозните убедувања на нашите ближни.

Спонтаното изразување на одвраќање и неодобрување од страна на светот , се надеваме дека испрати доволно силна порака до надлежните и претставува извор на надеж за избегнување на слични постапки во иднина, стои во соопштението од Вселенската патријаршија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img